Секси Маало

PODCAST · education

Секси Маало

Секси Маало е младински подкаст која покрива теми од сите области на сексуалноста, која се емитува секоја втора среда на РадиоМОФ во 12:15!Во најновата сезона на Секси Маало зборуваме..„Во пост-пандемиско време на несигурност, изолација и страв, романтичната врска во сите нејзини форми најде начин да продолжи. Заедно ќе ги разгледаме сите тие работи што дефинираат една врска преку разговор со разновидни парови и индивидуи со интересни погледи кон истата ♡“Facebook: Секси МаалоInstagram: heramladi

  1. 127

    Еп.1 Што се врски?

    Во денешната епизода на Секси Маало заедно со Раф, Иларија и Марта ќе разговараме за видовите на врски, нивната природа и чувствата кои тие ни ги предизвикуваат. Ги прашавме #ХЕРАмлади да ги споделат своите искуства и предизвици за дефинирање на врските и споделивме интересни содржини со нашите слушатели. 

  2. 126

    S10Е04- Менструална правда

    Во четвртата епизода од десетата сезона на „Секси Маало“, разговараме со Теодора Милеска од Period Skopje, неформална група од четири млади девојки која работи во склоп на општествените процеси да стави крај на меснтруалната сиромаштија и менструалната стигма.

  3. 125

    S10Е03- Прајд 2к22

    3та епизода од 10тата сезона на Секси Маало токму во месецот на гордоста! Поради тоа, се дружиме со Катерина Иванова. Кате ќе ни раскаже малку повеќе за прајд! Што е она за што сѐ уште протестираме? Слушнете за времепловот и достигнувањата на скопје прајд и што да очекуваме оваа година на 25 јуни, а и активностите предвидени пред тоа! Уживајте!!

  4. 124

    S10Е02- Младинските Центри „Сакам да знам“ - Хера

    Во 2 епизода од 10 сезона на емисијата Секси Маало , зборувавме со Кристина Михајлова, раководителка на Младинските Центри „Сакам да знам“ на Хера, на тема бесплатните усулуги кои ги нудат самите центри и како младите можат да ги искористат. Кратењето на буџетот на превентивната програма за ХИВ, од страна на Министерството за здравство, сериозно влиаше врз центрите. Слушнете за што станува збор и кои услиги можете да ги искористите.

  5. 123

    S10E01- Влијанието на ковид кризата врз потребите на младите

    Во 1 епизода од 10 сезона на емисијата Секси Маало, зборувавме со Константин Какуринов, за неговото истражување поврзано со влијанието на ковид кризата врз потребите на младите во врска со нивното сексуално и репродуктивно здравје и права. Константин е проектен координатор на програмата Youth Voices Youth Choices во склоп на ХЕРА

  6. 122

    S09E14 - Акција која руши табуа

    Ана И Мира зборуваат за младинските пакети како и ангажираноста преку младински кампањи. Tune in!!!

  7. 121

    S09E13 - Разлика помеѓу драг и трансродовост

    Катерина и Анастасија зборуваат за трансродовоста, драгот и разликата помеѓу драг културата и трансродовите лица. Tune in!!!

  8. 120

    S09E10 - Влијанието на турските серии

    Теа, Анамарија и Неџат зборуваат за конкретните проблеми и недостигот на адресирање на истите во турските серии, како и нивното влијание. И многу повеќе❗️ Tune in!

  9. 119

    S09E07 - Ментално здравје и сексуалност

    Леа, Анастасија и Бојана ќе зборуваат за менталното здравје и сексуалноста. Што всушност претставува ментално здравје? Поврзаноста помеѓу менталното здравје и сексуалноста. Притисоците за сексуален однос. Прифаќањето на нашата сексуалност.

  10. 118

    S09E06 - Расизам и сексуално и репродуктивно здравје

    Анамарија и Дамјана ќе зборуваат за влијанието на расизмот на сексуалното и репродуктивното здравје. Дознајте повеќе за расизмот, неправичноста во историјата и денес, репродуктивната правда тука!

  11. 117

    S09E04 Интервју за пилот програмта на ССО со Мери Цветковска

    Интервју со Мери Цветковска за почетокот на пилот програмата на сеопфатното сексуално образование! Што всушност е ССО и што опфаќа? Како функционира ССО од самиот почеток (од првата едукација во училиште) до денес? Слушнете ги одговорите на овие прашања и на многу повеќе на оваа епизода на Секси Маало!

  12. 116

    S09E03 - Одговори на #ПрашајССОедукатор

    Бојана и Теа даваат одговори на вашите прашања од: https://forms.gle/Lsqnw5NUU5nXEpW28 

  13. 115

    S09E02 - Сексуално Насилство

    Што е сексуалното насилство? Кои се разликите помеѓу сексуалниот напад, сексуалното вознемирување и сексуалното насилство? Кој е жртва на сексуалното насилство? Како да им помогнеме на жртвите на сексуалното насилство? Каде да побараме помош?

  14. 114

    S09E01 - Сексуалноста низ призмата на грчката митологија

    Кате и Бојана зборуваат за сексуалноста низ призмата на грчката митологија!

  15. 113

    S08E23 - Митот за невиноста

    Што подразбираме под концептот невиност? Што е всушност хименот? Дали секоја жена се раѓа со химен? Сте слушнале ли за "операции за враќање на невиноста"? Одговорите на овие прашања можете да ги слушнете во оваа епизода на Секси Маало со Теа и Бојана каде ќе го срушиме митот за невиноста!

  16. 112

    S08E22 - Гејминг и Феминизам

    Жените се соочуваат со професионална сегрегација во скоро секоја индустрија. А ова е особено изразено во гејминг индустријатата! Студија од 2011 година на Меѓународната асоцијација за развивачи на игри покажала дека 73% од жените во индустријата работат и друга работа покрај онаа за развој на игри, што значи дека тие не се сослушани за содржината, стиловите на интеракција, застапеноста на карактери и вклучени системи за наградување во игри. Слушнете многу повеќе во денешната епизода „Гејминг и феминизам„ со Нате и Мира!

  17. 111

    S08E21 - Социјалните медиуми како меч со две острици!

    Социјалните медиуми се како меч со две острици! Можат да бидат многу корисни, активизмот дефинитивно побрзо се проширува низ нив - но таа достапност доведува и до поголемо и побрзо проширување на омраза! Денес за прв пат на Секси Маало се Леа и Дамјана - слушнете!

  18. 110

    S08E20 - ХЕРАмлади за Скопје Прајд

    Во оваа епизода на Секси Маало, Стефан, Кате и Бојана зборуваат за ланското искуство на Скопје Прајд, предизвици со кои се соочиле и очекувања за наредниот Skopje Pride !!

  19. 109

    S08E19 - Несоодветната едукација на младите преку порнографијата!

    Во ера кога на кога со само неколку типкања на тастатурата можеме да добиеме било каква информација, младите често се здобиваат со знаење за сексуалноста и врските преку порнографијата. За големината на нејзината употреба, за сликата која ја прикажува VS реалниот живот, сексот и интимните врски слушнете повеќе во денешната епизода на Секси Маало! Несоодветната едукација на младите преку порнографијата!

  20. 108

    S08E18 - 100та епизода

    Оваа среда славиме 100та епизода на Секси Маало!! Приклучете ни се во 12:15 и слушнете што имаат да ви кажат Секси Маалци! Огромна љубов и до Радио МОФ без кои, 90 од овие 100 епизоди не би биле возможни!

  21. 107

    S08E17 - (НЕ) Суптилниот расизам во Македонијa

    Дали сме под илузија дека расизмот е некаде далеку, а не тука? Како е да се биде biracial во Македонија? Дали нашето образование обрнува внимание на оваа тема? Слушнете повеќе на оваа емисија со Нате, Ивана и Џејд Бинева!

  22. 106

    S08E16 - Зошто постои прајд?

    Јуни е познат и како Pride месец. Но дали знате зошто воопшто постои Прајдот? Зошто се прават прајд парадите (парадите на гордоста)? Токму на овие прашања ќе ви одговорат Нате и Ивана!

  23. 105

    S08E15 - Body Positivity

    Овој период за сите е нешто ново. Еден ден сѐ е нормално, а другиот веќе нема излегување од дома, нема дружење, нема ништо од тоа. Секој од нас требаше да се приспособи на сосем нов начин на живот, нови навики, сосема нова рутина. Животот во целост ни се преврти наопаку. Како тогаш да очекуваме ништо да не се промени со нас?  Лина и Бојана зборуваат за body positivity во карантин!

  24. 104

    S08E14 - ЛГБТИ+ стереотипи

    Бојана и Ивана зборуваат за стереотипи во ЛГБТ+ заедницата!

  25. 103

    S08E13 - Жени во политика

    Мира и Теа зборуваат за жените во политиката!

  26. 102

    S08E12 - Жени во Медицината

    Тина и Нате зборуваат за жени во медицината, денес и во историјата! Многу од медицинските податоци кои ги имаме и ги знаеме денес биле пронајдени од жени кои не секогаш го добиле признанието, па во денешната емисија ние ќе го направиме токму тоа!

  27. 101

    S08E11 - Семејно Насилство

    Анамарија и Мира зборуваат за семејно насилство, слушнете!

  28. 100

    S08E10 - Дигитализирај Се

    Расфрлани низ милион препораки, статии и новости тимот на Секси Маало ги одвои најдобрите апликации и платформи кои ќе ви помогнат да го поминете вашето време попродуктивно! Слушнете што имаат подготвено Теа и Бојана за вас! 

  29. 99

    S08E09 - Лажни Вести

    Виктор и Бојана зборуваат за споменувањето на Секси Маало на New York Times!

  30. 98

    S08E08 - Ментално Здравје

    Бојана и  Наталија зборуваат за менталното здравје и како да се грижите за истото!

  31. 97

    S08E07 - Фетишизација

    Денес на Секси Маало, Анамарија и Кате зборуваат за фетишизација! Зошто е важно да се бидеме информирани и зошто е важно да се зборува на оваа тема! 

  32. 96

    S08E05 - Жени во Техно

    Ивана и Лина зборуваат за жени во техно музиката.

  33. 95

    S08E04 - Панел Дискусија #МладитеБараат

    Секси маало во нов состав. Бојана и Мира ве поздравуваат од студио. Зборуваме отворено за панелот "Пристапна и достапна контрацепција".

  34. 94

    S08E01- Што се случуваше летово?

    Со Лина и Анамарија зборуваме за настаните што го одбележаа летово и го направија летото исполнето со младински иницијативи.

  35. 93

    S07E10 – Сеопфатно сексуално образование

    Тина и Лина зборуваат за врската помеѓу сексуалното образование и постоечките проблеми во нашата држава.

  36. 92

    S07E09 – Врски и односи

    Кико и Лина зборуваат за љубов, емоционална и сексуална привлечност, врски и секс.

  37. 91

    S07E08 – Што се случуваше во 2018

    Тина, Лина и Кико  зборуваат за Секси Маало во 2018. 

  38. 90

    S07E07 - Насилство врз сексуални работници

    Тина, Кико и Лина  зборуваат за секусалното насилство и вознемирување врз сексуалните работници.

  39. 89

    S07E06 – Насилство врз жени

    Тина, Кико и Љупка зборуваат за насилството врз жени и девојки и колку овој проблем треба да ги засега сите во општеството.

  40. 88

    S07E05 – Машко Здравје

    Тина и Ивана зборуваат за машкото здравје и  развитокот на гледиштето на овие теми во Македонија.

  41. 87

    S07E04 – Машко Здравје

    Кико и Тина прават интервју со  Огнен Јаневски  на темата машко здравје. 

  42. 86

    S07E03 – Абортус

    Тина, Лина и Ема зборуваат за прекинувањето на бременоста и каква е ситуацијата во Македонија на оваа тема.

  43. 85

    S07E01- Женски Права

    Лина и Тина зборуваат по повод 11 октомври – интернационален ден на женското дете, што е значајно за месецот октомври и женските права.

  44. 84

    S06E09 – Денот на вљубените

    Тина и Јордан зборуваат за Денот на вљубените, за нерамноправноста и позадината која се крие позади овие подароци и љубовни акти.

  45. 83

    S06E07 - ССО

    Дефи и Кико зборуваат за активностите кои ги имаат како млади, за едукациите кои ги оддржуваат низ училиштата и повеќе за ссо.

  46. 82

    S06E06 – Волонтеризам

    Јордан и Дефи зборуваат за волонтеризам , активизам и придобивките од истите. Како се градат капацитети, кои се придобивките?

  47. 81

    S06E02 – Лица со попреченост

    Тина, Дефи и Ема зборуваат за лицата со попреченост и за како се застапени овие лица во нашето општество.

  48. 80

    S06E01 – Интервју со Цако

    Тина прави интервју со Цако, со кој зборуваат за лицата со попреченост по повод месецот Октомври – месец за покренување на свеста за лицата со Даунов синдром. 

  49. 79

    S05E14 - Контрацепција и сексуално и репродуктивно здравје

    Јордан и Ања зборуваат повеќе за видови на контрацепција, нивната функција и зошто е важно да го пазиме нашето сексуално и репродуктивно здравје.

  50. 78

    S05E13 - Различности и ЛГБТ+ заедница

    Јордан, Лина и Тина зборуваат за различности, насилство, хомофобија и стигмата во општеството за хомосексуалноста и трансродовите лица.

Type above to search every episode's transcript for a word or phrase. Matches are scoped to this podcast.

Searching…

No matches for "" in this podcast's transcripts.

Showing of matches

No topics indexed yet for this podcast.

Loading reviews...

ABOUT THIS SHOW

Секси Маало е младински подкаст која покрива теми од сите области на сексуалноста, која се емитува секоја втора среда на РадиоМОФ во 12:15!Во најновата сезона на Секси Маало зборуваме..„Во пост-пандемиско време на несигурност, изолација и страв, романтичната врска во сите нејзини форми најде начин да продолжи. Заедно ќе ги разгледаме сите тие работи што дефинираат една врска преку разговор со разновидни парови и индивидуи со интересни погледи кон истата ♡“Facebook: Секси МаалоInstagram: heramladi

HOSTED BY

Sexy Hood

CATEGORIES

URL copied to clipboard!