PODCAST · society
Гласни идеи
by Гласни идеи
Подкастот Гласни идеи настана како иницијатива да се слушнат обесправените работници, да се истакнат потребите на социјално загрозените лица, и да се потенцираат проблемите кои ги засегаат сите луѓе, а кои не стигаат до најавните шпици на вестите и не се топ тема во интернет просторот.Гласни идеи е еманципаторска и организациска алатка на група активисти со социјалистички поглед на стварноста – која е нашминкана или под тешки слоеви магла, благодарение на владејачката идеологија. И додека останатите медиуми гребат по површината на проблемите или прикажуваат сосема искривена слика за состојбите, Гласни идеи низ дебатни емисии, пишани и видео интервјуа, колумни и репортажи – секогаш се труди да даде класна анализа на состојбите и поинаква перспектива за иднината.Се работи за нов тип на подкаст – активистички подкаст, независен од политичките центри на моќ. Токму врз основа на таквата независност, Гласни идеи го пренесува гласот на обезгласените, а тоа се младите, студентите, работниц
-
10
Депрограма еп 27 – СТАРИ СКОПЈАНИ / Deprograma ep 27 – SHKUPJANËT E VJETËR
Дебатно-едукативниот караван се врати во Скопје каде со другарите Александар Митров – туристички водич, и Зоран Василески – истражувач на минатото, во фокус ни е периодот меѓу двете светски војни, воениот и повоениот период, односно: – Скопје меѓу 1919 – 1939 | Хотели, бордели, жандармерија, колонисти, контра чети, атентати, сликари, поети, буржуи и пролетери, Спиро […]
-
9
Депрограма еп 26 – ЗАПАДЕН И ИСТОЧЕН БАЛКАН / Deprograma ep 26 – BALLKANI PERËNDIMOR DHE LINDOR
Балканот на големите сили? Балканот на балканските народи? Обединет Балкан… Уставна монархија? Империјалистичка колонија? Федерација на републики? Или федерација на региони и комуни? Народњаштво, социјал-утопизам, анархизам, социјализам и марксизам. Светозар Марковиќ, Љубен Каравелов, Димитар Благоев и Димитрије Туцовиќ. Прва и втора балканска Социјалдемократска/Социјалистичка Конференција, Трета комунистичка интернацинала, Балканска комунистичка федерација. Стара и Нова Југославија, комунисти […]
-
8
Депрограма еп 25 – БИТКАТА ЗА СОЛУН / Deprograma ep 25 – BETEJA PËR SELANIKUN
Во оваа епизода на Депрограма разговараме за најзначајните настани и процеси со повеќевековно и повеќедецениско одвивање, односно: – За начините за решавање на т.н Источно прашање, односно за судбината на европскиот дел на Османлиската империја во распаѓање; – За буните и востанијата задушени во крв, поттикнати од гладот за земја и безвластието во периодите на […]
-
7
Депрограма еп 24 – НОВА КЛАСА – НОВИ ВЕСНИЦИ / Deprograma ep 24 – KLASË E RE – GAZETA TË REJA
Во оваа епизода на Депрограма со Ивана Хаџиевска и Зоран Василески, ги отвораме страниците на скриената работничка историја на новата класа која стапи на балканската политичка сцена зовриена од нерешени верски, национални и други територијални прашања. Тврдиме дека се работи за скриена историја која не се изучува преку формалното образование и не се дебатира, затоа […]
-
6
ДЕПРОГРАМА ЕП 23 – Национално будење и кошмар / DEPROGRAMA 23 – Zgjimi kombëtar dhe makthi
Во оваа епизода на Депрограма со другарите Васко Гичевски и Зоран Василески, со мислите сме во 19 век, за да сфатиме како се одвивало националното будење на балканските народи во конкретните материјални услови, но и за последиците од идеите за големи држави за сметка на други, сеништа од минатото од кои не е поштедена сегашноста. […]
-
5
ДЕПРОГРАМА ЕП 22 – Вистинското ВМРО / DEPROGRAMA EP 22 – VMRO-ja e vërtetë
Во оваа епизода на Депрограма со другарите Евгениј Литовски и Зоран Василески, разговараме за историското ВМРО, односно: – За организацијата на Тодор Александров и Ванчо Михајлов, за вооружените пресметки на ВМРО со КПЈ и ЕЛАС, за т.н Независна Држава Македонија и т.н „Крваво коледе“. – За врската меѓу силите на оската со ВМРО, за низа […]
-
4
ДЕПРОГРАМА ЕП 21 – Најстариот народ на Балканот / DEPROGRAMA EP 21 – Populli më i vjetër në Ballkan
Во оваа епизода на Депрограма со другарите историчари Ивана Хаџиевска и Васко Гичевски разговараме за: – феноменот и потребата да се биде најстар народ на Балканот; – дали во официјалната државна историја доминира етноцентричното гледиште; – какво е влијанието на популарните наративи на онлајн просторот и кому служат истите; – за ревизионизмот и начините на […]
-
3
ИНТЕРВЈУ: Вработување со поддршка / INTERVISTË: Punësim me përkrahje
Со Јасмина Калеовска од здружението Мој социјален работник, разговараме за предизвиците со кои се соочуваат луѓето во процесот на барање работа. Особено внимание посветиме на можностите за вработување на лицата кои се наоѓаат во социјален ризик, како и на можноста за вработување со поддршка. Конечно, од личното искуство во работа со невработени лица, приматели на […]
-
2
ДЕПРОГРАМА ЕП 20 – Возможен ли е свет без насилство?
Во оваа епизода на Депрограма, Руфат, Мариглен и Џејлан, поттикнати од се поголемиот број случаи на семејно и врсничко насилство, разговараат за причинско последичните врски кои доведуваат до нив, проширувајќи ја темата и на трудовата експлоатација. Иако официјално се води борба против овие појави, особено во делот на спречувањето на семејното и меѓуврсничко насилство, сепак […]
-
1
ИНТЕРВЈУ: Првите партизански одреди во Куманово / INTERVISTË: Aradhat e para partizane në Kumanovë
По повод 80 години од победата над фашизмот, Гласни идеи беше во Куманово, градот со кој се врзани самите почетоци на НОБ, град на скоевци, илегалци, првоборци и партизани. Наш соговорник/домаќин е Стефан Илиевски со кого тргнавме по стапките на Карадачкиот и Козјачкиот партизански одред, односно бевме на местата „Менкова колиба“ и „Студена Вода“, каде […]
No matches for "" in this podcast's transcripts.
No topics indexed yet for this podcast.
Loading reviews...
ABOUT THIS SHOW
Подкастот Гласни идеи настана како иницијатива да се слушнат обесправените работници, да се истакнат потребите на социјално загрозените лица, и да се потенцираат проблемите кои ги засегаат сите луѓе, а кои не стигаат до најавните шпици на вестите и не се топ тема во интернет просторот.Гласни идеи е еманципаторска и организациска алатка на група активисти со социјалистички поглед на стварноста – која е нашминкана или под тешки слоеви магла, благодарение на владејачката идеологија. И додека останатите медиуми гребат по површината на проблемите или прикажуваат сосема искривена слика за состојбите, Гласни идеи низ дебатни емисии, пишани и видео интервјуа, колумни и репортажи – секогаш се труди да даде класна анализа на состојбите и поинаква перспектива за иднината.Се работи за нов тип на подкаст – активистички подкаст, независен од политичките центри на моќ. Токму врз основа на таквата независност, Гласни идеи го пренесува гласот на обезгласените, а тоа се младите, студентите, работниц
HOSTED BY
Гласни идеи
Loading similar podcasts...