Тик Так и Зорка

PODCAST · comedy

Тик Так и Зорка

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

  1. 795

    Среда, 13 мај

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка отворија навидум различни, а всушност многу поврзани теми – од тоа како волкот од „Козле“ стана симбол за „луксузен комшилук“ и шегите дека му ја кренал цената на квадратот во населбата, до пораките што наставниците ги добиваат од родители и границата меѓу грижа и претерување. Се потсетивме и на најгледаната ТВ серија на сите времиња, но и зборувавме колку е важно човек да остане свој и да ја негува сопствената автентичност, без постојано да се вклопува во туѓи очекувања.Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

  2. 794

    Понеделник, 11 Мај

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка по една недела пауза се обидоа да сумираат сè што се случуваше и што се пропушти во изминатите неколку дена. Од најкреативните дополнителни извори за заработка, преку хајлајтите и најинтересните моменти од неделата, па сè до заклучокот дека едноставно е невозможно баш сè да се раскаже во само 2 часа утринска програма. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

  3. 793

    Четврток, 30 Април

    Send us Fan MailТик Так и Зорка ова утро ја решаваа мистеријата за бројките на личната карта, но не успеавме, иако завршивме со неколку теории. Постојат ли машки и женски пиперки? И дали би пробале млеко од бубашваби? Што пропуштивте ова утро преслушајте овде

  4. 792

    Среда, 29 Април

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка зборуваа за влијанието на позитивната и негативната енергија во секојдневието, за улогата на социјалните мрежи во тоа како се чувствуваме, како и за поуката од приказната со волкот и овчарот. Споделија и дел од честитките што Тик Так ги доби за својата објава, отворајќи тема за тоа колку лесно може да се излажеме или дефокусираме. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

  5. 791

    Понеделник, 27 Април

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка отворија три интересни теми – како предметите во домот добиваат „втор живот“, колку љубомората е дел од нашиот менталитет и дали жените или мажите се пољубоморни, како и што носи влегувањето на Уран во Близнаци и новиот бран на идеи и комуникација. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

  6. 790

    Понеделник, 20 Април

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка отворија понеделнички муабети со актуелните дојави за бомби во трговски центри, необичен план за пензионирање што звучи предобро за да е вистина и вечната дилема – кој е позлобен во одмаздите, мажите или жените. Дополнително, разговараа и за тоа какво чувство е да се „уловиш“ себеси или некој познат на Google Street View и што тоа значи за приватноста денес. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

  7. 789

    Четврток, 16 Април

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка ве прошетаа низ една навистина необична мешавина од теми – од вевчанскиот случај кој ја разбранува јавноста, до приказната за Кавадарци како пример за побезбеден град. Застанавме и на Светски ден на гласот, зборувајќи за моќта на гласот што секојдневно го користиме, но ретко го цениме, а откривме и нешто фасцинантно – дека глувците „пеат“ свои ултразвучни љубовни песни.Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

  8. 788

    Вторник, 24 Март

    Send us Fan MailДенес нема синопсис! Ама преслушај

  9. 787

    Понеделник, 23 Март

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка ве прошетаа низ време и мисли, од првиот лифт во светот и во Скопје, преку приказната за Ристиќевата палата и колку би вредела денес, па сè до реалноста со цените и недостатокот на бензин. Зборувавме и за тоа како мозокот може да се „наштелува“ да бара позитивни нешта во животот, но и си признавме кои ни се guilty pleasures – оние мали задоволства без кои не можеме. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

  10. 786

    Четврток, 19 Март

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка - три сосема различни, но подеднакво провокативни теми – од светот на казината и зависностите, до прашањето: што имаат заедничко мажите и бебињата, па сè до тоа како се сака една жена цел живот. Разговаравме искрено, допирајќи ги и слабостите и најубавите страни на човечките односи. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

  11. 785

    Среда, 18 Март

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка ве однесоа 10 години во иднината – во еден ден што не изгледа како што сте го замислувале, каде секоја одлука тежи и секое „утре“ станува предоцна. Но токму кога сè изгледа изгубено, доаѓа најважниот момент – отворање на очите и сфаќање дека сè уште имаме шанса да избереме поинаку. Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

  12. 784

    Вторник, 10 Март

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка разговараа за тоа дали утринското водење љубов навистина може да го подобри денот и да влијае врз успехот на работа. Зошто се повеќе жени денес сакаат романтичен почеток на љубовните врски? Колку навистина ја носиме гардеробата што ја имаме – од просечни 96 парчиња, само 12 редовно се во употреба. Што пропуштивте утринава , сумирано во 30 минути.

  13. 783

    Понеделник, 9 март

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка зборуваа за зборовите на генерацијата Z – од „кринџ“ и „риз“ до „краш“ и „хајп“, и како некои интернет термини дури влегуваат и во официјални речници. Отворивме и дилема: дали излегувањето со машко/женско друштво е бегство од домот или само мала оддишка од секојдневието.Што пропуштивте утринава – преслушајте овде.

  14. 782

    Четврток. 5 март

    Send us Fan MailУтрото со Тик Так и Зорка почна, информации и рима сочна.Малку факти, малку смеа за секој час,за денот да тргне убаво — за сите вас.Ако не успеа да не слушаш и да се смееш со нас, преслушај овде смеј се на глас

  15. 781

    Среда, 4 Март

    Send us Fan MailОд микроскопските фотографии на ситните гадуринки до крупните обиди за влез во непознато. Колку е потребно а некому да го разубавиш новиот ден и новото работно место? Се што пропуштивте, сумирано во 30 минути

  16. 780

    Вторник, 3 Март

    Send us Fan MailНајавената гужва во центарот на градот со себе донесе прашање за нов бизнис. Истражувавме и дознавме која е Лили Марлен. Дали сте знаеле кој луѓе се со една нога кон отказ секој Понеделник? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде

  17. 779

    Понеделник, 2 Март

    Send us Fan MailИнспирирани од македонецот кој сакал да оди во затвор заради рехабилитација, Тик Так и Зорка ова утро ви ги претставија најубавите затвори ширум светот. Од библиотеки и музички студија до базени и туристички разгледи, каде се нашите тука? Се што пропуштивте, преслушајте овде

  18. 778

    Четврток, 26 Февруари

    Send us Fan MailУтринава Тик Так и Зорка ви решија многу мистерии, нооо ви дадоа и нови на кој одговор треба да побарате и вие. Кој го убил мртвото море, дали првата жена ќе дознае за второто семејство и зошто тихиот океан е толку гласен? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

  19. 777

    Cреда, 25 Февруари

    Send us Fan MailКои се најлудите пораки кои луѓето му ги поставуваат на ЧАТ ГПТ? Ова утро Тик Так и Зорка зборуваа за доцнењето како неодговорност, но и како знак за креативност! Како и зошто, поради детално чистење една жена завршила во затвор? Се што пропуштивте ова утро, сумираме во 30 минути.

  20. 776

    Среда, 25 Февруари

    Send us Fan MailДенес ги анализиравме најнеобичните машки и женски имиња кај нас, и дојдовме до интересни заклучоци кои ќе ве насмеат. Како звучи вашето име прочитано наопаку? Што храната и сексот имаат заедничко? И една од поинтересните приказни за склуптурите на кои им се молиме. Што пропуштивте денес, сумирано во 30 минути.

  21. 775

    Понеделник, 23 Февруари

    Send us Fan MailПонеделнички, Тик Так и Зорка ги разгледуваа совршените активности за тим билдинг, со кој колегите би станале. Каде се и што прават вашите соклупници? И колку пари лани дале македонците со надеж дека ќе добијат многу повеќе? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

  22. 774

    Четврток, 19 Февруари

    Send us Fan MailНе очекува период на ретрограден Меркур, Тик Так и Зорка, ви кажаа како да го надминете. Ви раскажавме за приказната на Панч која го растажи светот и лекцијата која може да ја земеме од неа. Каква песна заслужува Скопје? Што пропуштивте утринава, сумирао во 30 минути.

  23. 773

    Среда, 18 Февруари

    Send us Fan MailУтрово Тик Так и Зорка дебатираа за условите и брзината на растењето на брадата. Колку деца според генетиката може да имаме? И што е совршениот рецепт за квалитетниот сон? И не, не е перницата или темната соба! Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути

  24. 772

    Вторник, 17 Февруари

    Send us Fan MailТик-Так прави грешки со Португалскиот кои може скапо да го чинат. Ви откривме какви луѓе ви требаат во тимот на работно место. Што недостига на зимските олиписки игри? Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

  25. 771

    Среда, 10 Декември

    Send us Fan MailДенес учевме нови зборови и фрази кои може да ги искористите во секојдневниот разговор со околината. Што можеме да научиме од генерација Z кога е работната етика и однесување во прашање? И како функционираат пекарите во соседството? Иииииии конечно разбравме што значи фразата "six seven" со ваша помош! Ако не пропушти утринава, преслушај овде

  26. 770

    Вторник, 9 Декември

    Send us Fan MailПонеделнички во Вторник, после продолжен викенд, се замуабетивме за тоа како влијаат амбициите на едниот партнер во врската/бракот? Важно ли е кој заработува повеќе? И како помина телефонскиот разговор на Зорка со Дедо Мраз? Се што пропуштивте, преслушајте овде

  27. 769
  28. 768

    Среда, 3 Декември

    Send us Fan MailСреќна среда!

  29. 767

    Вторник, 2 Декември

    Send us Fan MailКои се здравствените придобивки што имплементацијата на Safe City системот ќе ги даде на воачите? Ја имаме рецептата за долг и среќен живот на пријателите. Какви се казните кои ќе стапат на сила од 2026та? Сé што пропуштивте утринава, преслушајте овде.

  30. 766
  31. 765

    Четврток, 13 Ноември

    Send us Fan MailИма работа за тој што сака да работи, а добриот работник надалеку се вози! Производите за расположување кој отворија милион прашања беа тема на денешната дискусија. За да разбереш се, преслушај ја денешната епизода

  32. 764

    Среда, 12 Ноември

    Send us Fan MailСреќна среда!

  33. 763

    Вторник, 11 Ноември

    Send us Fan MailПоинаков вторник со бизарни медицински повреди и дискусија на тема среќен развод. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.

  34. 762

    Понеделник, 10 Ноември

    Send us Fan MailПонеделничкото издание со мало доцнење! Што пропушти, преслушај тука!

  35. 761

    Четврток. 6 Ноевмри

    Send us Fan Mailолку варијации на терминот мртов може да има и за што се користат? Што може да научиме од приказната за лакомиот дегустатор и колачињата?  И што би бил Четврток ако беше куче или храна? Што се пропштивте ова утро, преслушајте овде.

  36. 760
  37. 759

    Петок, 17 Октомври

    Send us Fan MailОд првиот расклатен заб, до што кажува твојот чадор за твојот карактер? Знаеш ли за пивското цунами и винската река? И која е омилената народна песна на Тик Так? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде.

  38. 758

    Четврток, 9 Окотомври

    Send us Fan MailТик Так и Зорка го проверуваа нивното знаење за значењето на најкористените шпански фрази од теленовелите. Која професија им припаѓа на најголемите инфлуенсери? И што се се крие по подрумите на најголемите институции? Што се пропуштивте денес, преслушајте овде.

  39. 757

    Среда, 8 Октомври

    Send us Fan MailШто открива шарата на вашиот ирис и  што сте биле во претходниот живот? Дали станавме генерација на која и е проблем да се справи со новите гаџети? Ако не пропушти да не преслушаш утринава, преслушај и насмеј се.

  40. 756

    Вторник, 7 Октомври

    Send us Fan MailТик Так и Зорка денес ја дискутираа цената на порциите на свадбите. Што се најнеопходните состојки на успешниот брак? И што е она што ги прави најсреќните земји во светот- среќни? Што пропуштивте, преслушајте овде

  41. 755

    Четврток, 2 Октомври

    Send us Fan MailДенес конечно заврши изборната кампања меѓу Тик Так и Зорка. Победникот со солзи во очите се заблагодари за довербата на слушателите! Изумите од Јапонија го достигнаа својот врв. Исчезнувањето и градникот рамо до рамо во денешницата. Што пропуштивте утринава- преслушајте овде.

  42. 754

    Среда, 1 Октомври 2025

    Send us Fan MailДенеска, симулација на избори. Кој даде поголеми лажни ветувања и надеж? Тик Так или Зорка?  Ветувањата се тука, а резутатот од изборите на социјалните мрежи!Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.

  43. 753

    Понеделник, 29 Септември

    Send us Fan MailКако дијаспората преведува имиња на филмови на Македонски? Што пропушти утринава сумирано во 30 минути

  44. 752

    Петок, 26 Септември

    Send us Fan MailКога е вистинското време детето да го напушти родителскиот дом? И кој се најкреативните начини кои можете да им ги понудите индиректно за да се одлучат самите за тоа? Како ќе влијаат новите сообраќајни правила врз населението? И која е дефиницијата за слушател? Се што пропуштивте, преслушајте овде

  45. 751

    Четврток, 25 Септември

    Send us Fan MailКаде заврши вашето прво млечно запче? На кровот или го зеда добрата вила од под перницата? На кого повеќе да му се верува, на гугл или на продавачот? На ваше барање модернизираме некои постари професии, која е најзабавната? Се што пропуштивте утрово, преслушајте овде

  46. 750

    Среда, 24 Септември

    Send us Fan MailКој е соодветниот одговор на Благодарам?  Кои се правилата на добро однесување во колектив и колку од нив почитуваме? Како би им бил прекарот на познатите личности ако беа битолчани? Сѐ што пропуштивте, преслушајте овде.

  47. 749

    Вторник, 23 Септември

    Send us Fan MailГрадот убав пак ќе никне, Тик Так и Зорка ова утро ви правеа друштво додека најголем дел од сограѓаните беа заглавени низ скопските улици. Чии говор е подолг о кои се најкреативните "комплименти" кои Зорка ги добила? Што пропуштивте, преслушајте овде.

  48. 748

    22 Септември. Понеделник

    Send us Fan MailПонделничка мотивација за демотивација со Тик Так. Како се одвива процесот на установување на потреба од замена или сервис во државна институција. Се што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.

  49. 747

    Петок, 19 Септември

    Send us Fan MailРетро петок со згоди и незгоди од Португалското училиште, раскажано од Тик Так, плус гости од Нов Зеланд со голем глумечки потенцијал. Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути

  50. 746

    Четврток, 18 Сетември

    Send us Fan MailОва утро Тик Так и Зорка ви раскажаа како почнува секоја љубовна приказна на пингвините. Што е вистинското значење на мануелниот менувач на буквата Р, и која е вашата омилена сијаличка на контролната табла? Се што пропуштивте, преслушајте овде.

Type above to search every episode's transcript for a word or phrase. Matches are scoped to this podcast.

Searching…

We're indexing this podcast's transcripts for the first time — this can take a minute or two. We'll show results as soon as they're ready.

No matches for "" in this podcast's transcripts.

Showing of matches

No topics indexed yet for this podcast.

Loading reviews...

ABOUT THIS SHOW

Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!

HOSTED BY

Тик Так и Зорка

CATEGORIES

URL copied to clipboard!