EPISODE · Sep 29, 2025 · 47 MIN
Беседа - XXXIX - Над-концептуалност
from Беседа · host Беседа
Во триесет и деветтата епизода на Беседа ја отвораме темата „Надконцептуалност“ – способноста да се излезе надвор од нашите сопствени идеи, рамки и идентитети, за да се види пошироката целина и да се дејствува со поголема јасност и мудрост.Тргнуваме од основното: што е надконцептуалност и зошто е потребна во време на поларизација. Ја разгледуваме како практика на гледање „од погоре“, каде концептите се алатки, а не господари; каде се препознава нивната релативност, контекст и граници.Потоа навлегуваме во психолошката димензија: како егото се врзува за ставови и улоги, и како се ослободува личноста кога се практикува флексибилен ум и искрено преиспитување на мотивите. Надконцептуалноста ја претставуваме како пат кон подобра комуникација, креативни решенија и помирување на спротивставени перспективи.Во нејзиниот највисок аспект, зборуваме за „просторот на свеста“ наспроти „содржината на умот“: тишината како основа за увид, присуството како критериум за вистинитост, и способноста концептите да се носат лесно, без идолизирање и без отфрлање.― ― ― ― ― ― ― ― ―Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој. Контакт: [email protected]― ― ― ― ― ― ― ― ―Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6KFacebook: https://www.facebook.com/beseda.podkastX: https://x.com/BesedaPodkastOdysee: https://odysee.com/@beseda Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkastTelegram: https://t.me/besedapodkastRSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss― ― ― ― ― ― ― ― ―НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.―На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности. Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.
What this episode covers

NOW PLAYING
Беседа - XXXIX - Над-концептуалност
No transcript for this episode yet
Similar Episodes
Jun 24, 2026 ·35m
Jun 16, 2026 ·46m