Skip to content
Култура Бета podcast artwork

PODCAST · arts

Култура Бета

by Kultura Beta

Култура ẞ сме младинско здружение за креативно и културно изразување, неформална организација за сите млади кои имаат идеи за развој на културата надвор од културните институции. Воочувајќи ја малата развиеност на младинската слободна и неформална култура, ние - неколкумина млади одлучивме да се организираме во едно отворено друштво чија цел е остварување на најразлични културни случувања меѓу нас младите. Тука ќе може да ги слушнете аудио формите на нашите колумни и муабети, а може да чуете и по некоја поезија, кратко разкасче и нашите неделни плејлисти.

Publisher-supplied feed metadata · PodParley refreshed Mar 29, 2022 · Source feed

Episodes

  1. ẞ-муабет со Дарко Беровски

    ẞ-муабет со Дарко Беровски, основачот на платформата за култура „Спознавање“. За идеите за настанивањето на платформата „Спознавање“, неговата мисија и визија, за подготовките за интервјуа, за новата алтернативна културна сцена, за студиите по односи со јавност – чујте во муабетот со Дарко...

  2. Муабет со АудиоЦигла - Дамјан Божиновски

    Дамјан Божиновски а.к.а. АудиоЦигла е автор кој го најде своето место во македонската музичка сцена во алтернативната поп или електро поп сцена. Во само година и пол откако АудиоЦигла тој се појави со свој настапи на едни од поголемите и важни музички фестивали во Скопје и во Македонија.…

    more
  3. Муабет со Златко Ѓелески

    Муабет со Златко Ѓелески, писател, филмски, музички и книжевен критичар, радио водител – зборуваме за неговите дела, студиите по општа и компаративна книжевност, за македонскиот филм, младите филмаџии... Гостин: https://www.instagram.com/danse_macabre_radio/ Музика за интро: Corrosion...

  4. Муабет со Леона Јариќ

    За крајот на месецот што го посветивме на младата режисерка Леона Јариќ, го споделуваме муабетот со неа! Подготви: Калина Качоровска Монтажа: Леона Јариќ https://www.instagram.com/leonajarikj/ https://www.kulturabeta.com/post/april-so-leona-jarikj-najava...

  5. Муабет со Милош Б. Андоновски

    https://www.instagram.com/miloshbandonovski/ https://www.instagram.com/kultura_beta/ https://www.youtube.com/@kulturabeta https://www.kulturabeta.com/

  6. Ќе победиме ли? - Калина Качоровска

    КОЛУМНА: Ќе победиме ли? - Калина Качоровска

  7. Хана и Борис во дијалог за „Фалан Филан“ на Перија заедно со Филис Синаноска и Леа Милиновиќ

    Овој месец имаме особена чест да зборуваме за албумот Фалан Филан директно со Леа и Филис од Перија. Го одбравме овој албум затоа што во себе носи многу богати приказни од различни страни на светот кои се исполнети со темнина и мистика и имавме шанса изворно да ги дознаеме приказните позади него....

  8. Муабет со Ѓоко Здравески

    Муабетот со Ѓоко е едночасовно супер-уживање во кое тргнавме пеш од Аеродром до Корчагин, поминавме низ Филолошки факултет, на неколку години до Ниш, ги посетивме и Астални проекции и сега сме во Париз. Прошетајте со нас! [фото на Ѓ. Здравески: Јелена Белиќ] Монтажа: Леонид Георгиевски Музика за...

  9. Хана и Борис во дијалог за: Kid A Mnesia со Иво Николовски

    Во овомесечната епизода го одбравме албумот Kid A Mnesia од Radiohead затоа што е декемвриски албум, а Иво го одбравме како рапсод на Radiohead. Зборуваме за основите на албумот, за тоа како двата албуми, Kid A и Amnesiac се спојуваат во еден комплексен албум и за сите убави, неубави и...

  10. Муабет со Леон Шумански

    Кога човек прави муабет со Леон, не постои тема која не може да се покрие. Така, слушајќи го овој разговор ќе наидете на размислувања, емоции и теории за алтернативната наспроти мејнстрим сцената, за постжанровска музика, за алтернативна фотографија, за колекционерство на плочи и привилегијата…

    more
  11. Дали андерграундот сѐ уште значи подземје?

    КОЛУМНА: Дали андерграундот сѐ уште значи подземје? - Калина Качоровска

  12. Муабет со Јулијана Величковска

    Иако муабетот со Јуле беше замислен да биде кратко интервју, се претвори во долгометражен разговор кој прошара и низ нејзините поетски почетоци и низ интимните приказни од детството, позборувавме и за почетоците на ПНВ Публикации, како и за фестивалите Поетска ноќ во Велестово и Скопски поетски...

  13. Збор-два за инспирацијата, темнината и сезонската депресија

    Нова колумна на нашата редовна колумнистка Калина Качоровска: ,,Збор-два за инспирацијата, темнината и сезонската депресија“. „Колку е досадно да се зборува за времето и за ладното и за стемнувањето и за воздухот и за празнината!!! Знам дека е и не сакам да зборувам и не сакам да се фокусирам на...

  14. Еден месец во странство. И?

    Чујте ја новата колумна на нашата редовна колумнистка Калина Качоровска: ,,Еден месец во странство. И?“. „Го пишувам ова на 12.10.2021. Пред точно еден месец стигнав во Варшава, градот каде сега живеам сама и ќе живеам во наредните 3 години. Во превод, веќе цели 30 дена сум во странство, на точно...

  15. „Спремноста” на Македонија за справување со последиците од климатските промени

    Ново зелено квартче на Култура ẞ! Eко-колумна: „Спремноста” на Македонија за справување со последиците од климатските промени „Властите мора да ги отворат своите очи и да почнат да дејствуваат. Дојдовме до тој момент каде дејствувањето утре е доцна и принудени сме да почнеме да реагираме денес....

  16. Му должам ли јас на овој град?

    Објавена е новата колумна на нашата редовна колумнистла Калина Качоровска: ,,Му должам ли јас на овој град?“. „Се селам, како и секој човек од земјава, за подобри услови. Се селам за да студирам на квалитетен универзитет кој ќе ми пружи квалитетно образование кое го заслужувам и кое го…

    more
  17. Како култот ја храни осаменоста

    Чујте ја новата колумна на нашиот редовен колумнист Леонид Велковски: ,,Како култот ја храни осаменоста“. „Според тоа каде припаѓаш ти се одредуваш себеси, низ таа призма го оценуваш и гледаш општеството и другите општествени групи на луѓе. Затоа некому е важно на која партија припаѓаш, од која...

  18. Луѓето VS климатските промени

    Прва аудио еко-колумна од нашиот редовен колумнист Васил Ханџиски на тема: „Луѓето VS климатските промени” „Друг начин на кој може да дејствуваме е преку нашиот активизам. Да се вкучуваме во акции за чистење на локалните депонии, на местата за излет или пак на речните корита. Сите заедно да...

  19. Како општеството почива врз митови и како животот воопшто има смисла?

    Објавена е новата колумна на нашиот редовен колумнист Леонид Велковски: ,,Како општеството почива врз митови и како животот воопшто има смисла?”. „Денес, но секако и вековите наназад, луѓето создавале митови за да можат да опстанат. Морале да се поклонуваат на сонцето, водата, дрвјата... Денес…

    more
  20. Карикатурата на младиот скопски сонувач: Што знаел Сервантес за сонувачот како безвременски мотив?

    Чујте ја новата колумна на нашата редовна колумнистка Георгина Петреска: ,,Карикатурата на младиот скопски сонувач: Што знаел Сервантес за сонувачот како безвременски мотив?”. „Ајде да заборавиме на тоа како вообичаено интерпретираме ликови низ призмата на образованието. Во случајов кога мислиме…

    more
  21. Модерниот Сизиф и жртвата за иднината

    Слушнете ја новата колумна на нашата редовна колумнистка Георгина Петреска: ,,Модерниот Сизиф и жртвата за иднината". „Нормално, мора секогаш да се земе предвид напредокот на човештвото, неговите перцепции, знаења и начини на дејствување. Но, когнитивниот начин на размислување, кој го тера…

    more
  22. Каде отиде креативноста на креативната индустрија?

    Слушнете ја новата колумна на нашата редовна колумнистка Калина Качоровска: ,,Каде отиде креативноста на креативната индустрија?". „Сметам дека причината поради која денес, еден огромен процент од она што го добиваме на големото платно е толку некреативно, толку празно, неинспиративно, толку...

  23. Трендот на високо образование

    Чујте ја новата колумна на нашата редовна колумнистка Георгина Петреска: ,,Трендот на високо образование". „Каде да се запишам на факултет, кое е моето место во заедницата?” - прашање кое сигурно ве измачува или во најмала рака ве тера да го размислите доколку сте средношколец-матурант. За...

  24. 5 мај 1945 и неколку зборови за македонскиот јазик

    Чујте ја новата колумна на нашата редовна колумнистка Ана Илиева: ,,5 мај 1945 и неколку зборови за македонскиот јазик". Во новата колумна, Ана зборува за еден од најбитните датуми од нашата историја - денот на македонскиот јазик и денот на македонската азбука. Цитирајќи го Конески, одговора на...

  25. Македонија не е само Скопје

    Чујте ја новата колумна од нашата редовна колумнистка Калина Качоровска: „Македонија не е само Скопје?” Децентрализација, дефокус од случувањата кои се случуваат само во главниот град, овозможување на услови и во другите градски и рурални средини - потреби кои се неминовни и повеќе од потребни…

    more
  26. Бета-философски муабет: Зошто философија?

    За првпат, објавуваме ẞ-муабет во аудио форма, како што го нарековме мини-подкаст(че) на тема „Зошто философија?” Ирина Илиева и Андреј Медиќ Лазаревски разговараат за нивните лични ислуства со философијата, за дилемата „зошто философија, а не филозофија?”, за тоа која е важноста на философијата…

    more
  27. Дали конечно се гледа крајот на Оскарите?

    Нова колумна од нашата редовна колумнистка Калина Качоровска: „Дали конечно се гледа крајот на Оскарите?” „Веројатно прво нешто кое би го прочитале како критика за Оскарите е тоа што се премногу „бели“, премногу машки, премногу затворени. Апсолутна вистина! Но, она кое тие го прават на еден лажен…

    more
  28. Трендот да се биде „активист“ во современото општество

    Нова колумна од нашата редовна колумнистка Ана Илиева: „Трендот да се биде „активист“ во современото општество” Во новата ẞ-колумна Ана зборува за активизмот, придобивките од него и за она што доколку активизам немаше. Доколку би го замислиле светот не-активизиран би бил сив, долку не зборуваме...

  29. Скопје – изгубениот град, град на кичот

    Нова колумна од нашиот редовен колумнист Леонид Велковски: „Скопје – изгубениот град, град на кичот” Во новата ẞ-колумна Леонид зборува за урбаниот хаос кој му се случува на Скопје. Почнувајќи со „проектот” Скопје 2014, главниот град се соочува со долгогодишно дивеење на градежните зафати и со...

  30. Младите и срамот од македонското - зошто?

    Нова колумна од нашата редовна колумнистка Калина Качоровска: „Младите и срамот од македонското - зошто?” Во новата ẞ-колумна Калина ни зборува за (не)почитување на „македонското” меѓу младите и ставот кој преовладува за таа тема меѓу нас. Дали „македонското” секогаш значи шовинизам, токсичен...

Type above to search every episode's transcript for a word or phrase. Matches are scoped to this podcast.

Searching…

We're indexing this podcast's transcripts for the first time — this can take a minute or two. We'll show results as soon as they're ready.

No matches for "" in this podcast's transcripts.

Showing of matches

No topics indexed yet for this podcast.

Loading reviews...

ABOUT THIS SHOW

Култура ẞ сме младинско здружение за креативно и културно изразување, неформална организација за сите млади кои имаат идеи за развој на културата надвор од културните институции. Воочувајќи ја малата развиеност на младинската слободна и неформална култура, ние - неколкумина млади одлучивме да се организираме во едно отворено друштво чија цел е остварување на најразлични културни случувања меѓу нас младите. Тука ќе може да ги слушнете аудио формите на нашите колумни и муабети, а може да чуете и по некоја поезија, кратко разкасче и нашите неделни плејлисти.

HOSTED BY

Kultura Beta

CATEGORIES

Frequently Asked Questions

How many episodes does Култура Бета have?

Култура Бета currently has 30 episodes available on PodParley. New episodes are automatically indexed when they're published to the podcast feed.

What is Култура Бета about?

Култура ẞ сме младинско здружение за креативно и културно изразување, неформална организација за сите млади кои имаат идеи за развој на културата надвор од културните институции. Воочувајќи ја малата развиеност на младинската слободна и неформална култура, ние - неколкумина млади одлучивме да се...

How often does Култура Бета release new episodes?

Култура Бета has 30 episodes. Check the episode list to see recent publication dates and frequency.

Where can I listen to Култура Бета?

You can listen to Култура Бета on PodParley by clicking any episode. We provide an embedded audio player for direct listening, and you can also subscribe via your preferred podcast app using the RSS feed.

Who hosts Култура Бета?

Култура Бета is created and hosted by Kultura Beta.
URL copied to clipboard!