PODCAST · business
Петочно во Германија - со Марина и Панче
by Marina Urdinov und Pance Causevski
Единствениот подкаст за Македонци во Германија
-
66
61. Дали сме повеќе поврзани или повеќе осамени?
Живееме во време кога можеме да му пишеме на секого во секој момент, да видиме што прави, каде е и како изгледа неговиот ден. Никогаш не сме биле толку достапни и толку поврзани на екран. Но зад таа постојана комуникација се крие едно многу важно прашање: дали навистина сме поблиски, или само почесто сме во контакт? Во оваа епизода зборуваме за односите, за осаменоста, за социјалните мрежи и за тоа што денес навистина значи да бидеш поврзан со некого.
-
65
60 Мајка-Дете , Татко-Дете, превенција или рехабилитација / Mutter-Kind Kur, Vatter-Kind Kur
Што преставува оваа мерка, за кого е наменета, како изгледа престојот, што е потребно за апликација, што ако ве одбијат и можеби најважното, како да препознаете дали ова можеби токму и вам ви е потребно.
-
64
59 Како да побараш покачување на плата
Тема која за многумина од врабитените е табу, и ретко кој ја зборува гласно. Во оваа епизода нема да добиете магично ветување дека секој ќе добие покачување утре, но ќе добиете алатки како да не влезете „на емоции„ туку со аргументи, факти и јасно барање.
-
63
58 Германски навики што неочекувано ги прифативме
Денес се муабетиме за нешто што сите во дијаспората го чувствуваме - моментот кога ќе сватиме дека.... полека стануваме Германци. Зборуваме за навиките кои пред години, месеци... биле незамисливи но одеднаш се фаќаме на дело како тие исти ни се залепиле во секојдневието.
-
62
57 Настава на македонски во Германија
„Јазикот е нашата татковина„ рекол големиот македонски писател Блаже Конески. Во оваа епизода слушајте за тоа калко се негува макодонскиот јазик надвор од границите Ќе слушнете за тоа кој е процесот и кои предуслови се потребни за отварење на паралелка на македонски јазик во школото каде учи вашето дете.
-
61
56. Нов глас во подкастот - Добредојде, Дијана!
Во опуштен разговор ја запознаваме Дијана и зборуваме за секојдневието, работата и актуелните теми од дијаспората. Линк до страната на Обединета Македонска Дијаспора: United Macedonian Diaspora – United, We Can!
-
60
55. Новогодишни Желби ! / Neujahrsvorsätze !
Оваа Година ќе биде моја Година! Овој слоган многумина го изговараат во новогодишната ноќ. Кога старата година заминува и новата е пред прагот, најчесто правиме едно резиме за она што сме поминале, што сме оствариле, но и за она што не сме постигнале и оствариле. Од сето ова чуввствуваме желба да промениме нешто во нашиот живот. Почетокот на новата година е токму идеален повод тоа и да го направиме, да престанеме да пушиме, да симене некое килце, да смениме фирма, позиција, да си го намалиме стресот, да си земеме повеќе време за нас и сите околу нас, да почнеме нов бизнис..... Новогодишните желби/одлуки се едно но праксата е сосем поинаку. Зошто ни е толку тешко да се придржуваме до нашите новогодишни желби и одлуки и како можеме успешно да да ги спроведеме во пракса? За ова ќе слушнете во дешната епизода.
-
59
54. Македонија и дијаспората – градење мостови
Во оваа епизода зборуваме за улогата на македонската дијаспора, важноста на новата Национална стратегија за дијаспора 2025–2030 и што значи државата конечно да нè препознае како клучен партнер. Споделуваме лични размислувања, очекувања и надежи за иднината на дијаспората.
-
58
53. Нови почетоци и нови предизвици
После подолго време пак сме назад! Во оваа епизода зборуваме што се случуваше кај нас – нови работни места, нови предизвици и ново место за живеење. Разговараме и општо за новите работни места, промените и она што следува во наредните месеци за Македонците во Германија. Опуштена епизода за враќање во тек со нашите случувања :)
-
57
52. Што е подобро: да се работи во мала фирма или голема компанија?
52. Стоиоте пред промена на работа или активно барате нова професионална можност? Тогаш сега е совршеното време да размислите што очекувате од вашиот иден работодавец. Еден важен фактор што може значително да влијае на вашата кариера, вашиот развој и напредок е големината на компанијата. Без разлика дали станува збор за мала фирма или голема корпорација - и двете опции носат свои предности и недостатоци. Без разлика за која опција ќе се одлучите на крајот - најважно е да ја работите својата работа со задоволство!
-
56
51. Support Kocani– пример за хуманост, зрелост и вистинска акција
Оваа епизода е посветена на нешто поголемо од секој од нас – на солидарноста, хуманоста и силата на заедницата. Зборуваме со Ана и Марко од иницијативата Support Koсani – млади, паметни и инспиративни луѓе, кои веќе повеќе од два месеца несебично работат за да им помогнат на семејствата погодени од трагедијата. Ќе слушнете за тоа како започна сè, со какви предизвици се соочуваат, но и колку добрина се крие меѓу нас – и во Македонија, и во дијаспората. Оваа епизода е повик – не само да слушате, туку да почувствувате. И ако можете – да помогнете. Како да донирате: Страната на иницијативата https://supportkocani.com/ (таму ќе ги најдете сите потребни податоци и информации) Ве покануваме и на големиот хуманитарен фестивал во Mainz – оваа недела, 8 јуни! Сите собрани средства ќе бидат донирани преку Support Kocani. Настапуваат: КУД „Свети Никола“ – Мајнц, КУД „Шара“ – Тетово, Василија Петрова, Сања Зделар, Група МИЛЕНИУМ, Каролина Гочева. Водители на целиот настан: Тино & Атанас. Очекувајте македонска музика, традиција, вкусна храна и заедништво – сè во знак на поддршка за Кочани! Дојдете во што поголем број и заедно да покажеме дека хуманоста не познава граници! Карти можете да резервирате на: www.legacyevent.de или да купите директно на влез.
-
55
50. Преговор за плата! Заработете токлу колку што вреди вашиот труд!
Tема која не засега сите кои сме во работен однос, денес ќе зборувам на тема како да побарате покачување на платата. Ќе слушнете кога е вистинскиот момент да побарате покачување на платата, како да се подготвите и што би требало да избегнувате да кажете кога разговарета на оваа тема со вашиот претпоставен.
-
54
49. Успех
Успех — збор што многумина го бркаат, а малкумина навистина го разбираат. Многумина веруваат дека богатството, славата или моќта ќе им донесат исполнетост. Но, што ако сè постигнеш, добиеш, успееш, имаш? Вистината за успехот е непријатна, бара жртва, налага соочување со сопствената слабост и храброст да дејствуваш спротивно на очекувањата на светот. Биди храбар и слушај до крај!
-
53
48. Интервју за Работа
Со какови прашања може да ве изненадат, работодавците, регрутерите или персоналните вработени при интервјуто за ново работно место или позиција. Како да одговорите и кои прашања од нивна страна немаат место во интервјуто за новата работа.
-
52
47. Повраток на данок во Германија – што треба да знаеш
Што точно значи Steuererklärung и зошто толку луѓе добиваат пари назад од државата? Во оваа епизода зборуваме од сопствено искуство: кога си должен да поднесеш годишна даночна пријава, како се пресметува повратокот, што може да се пријави како трошок – и што ако тоа никогаш досега не си го направил?
-
51
46. Даночниот систем во Германија
Германскиот даночен систем е сложен, но и многу структуриран и транспарентен. Денес ќе слушнете за различните видови даноци, како тие се наплаќаат и какво влијание имаат врз поединците и бизнисите.
-
50
45. Со мислите во татковината – по трагедијата во Кочани
Во оваа епизода споделуваме лични мисли, тагата и шокот што го чувствуваме по трагедијата во Кочани, како и разочараноста од тишината на Германија
-
49
44. Осигурувања во Германија – Што е задолжително, а што паметна инвестиција?
Во Германија има многу осигурувања – некои се задолжителни, а некои само паметна инвестиција. Во оваа епизода зборуваме за најважните осигурувања, кои вреди да ги земеш и на што да внимаваш за да не плаќаш непотребно. Слушни и некои интересни факти за неочекувани видови осигурувања! 🎧 Останаа уште четири концерти од големата турнеја на Next Time во Германија! 🔹 14.03.2025 – KUZ Werkhalle, Mainz 🔹 15.03.2025 – Centurium, Düsseldorf 🔹 21.03.2025 – Kultur Palast Live, Hamburg 🔹 23.03.2025 – Columbia Theater, Berlin 🎟 Набавете си карти на legacyevent.de !
-
48
43. Како функционира пензискиот систем во Германија
Пензискиот Фонд во Германија можете да си го замислите како еден голем лонец во кој месечно секој вработен става 9,3% од својата плата, другите 9,3% ги става или уплаќа Работодавецот, и од овој лонец секој Месец се исплаќаат пензиите на Пензионерите во Германија. Како сето ова функционира, на што треба да внимавате кога ќе почнат да ви стасуваат информациите од Пензискиот гермаски Фонд во форма на известие, како и за грубата пресметка на висината на вашата идна пензија ќе слушнете во оваа Епизода каде Марина е оправдано отсутна! Секако дека нема да заборавиме да го најавиме продолжувањето на турнејата на Next Time во Германија! 🎶🔥 📅 Датуми и локации: 🔹 14.03.2025 – KUZ Werkhalle, Mainz 🔹 15.03.2025 – Centurium, Düsseldorf 🔹 21.03.2025 – Kultur Palast Live, Hamburg 🔹 23.03.2025 – Columbia Theater, Berlin 🎟 Набавете си карти навреме на legacyevent.de !
-
47
42. Парламентарни избори во Германија 2025: Резултати и кратка анализа
Во оваа епизода зборуваме за резултатите од изборите во Германија на 23 февруари оваа година. CDU/CSU победи, AfD постигна рекорден резултат, а SPD доживеа тежок пораз. Разгледуваме можни коалиции и тоа што овие избори значат за иднината на Германија и за нас како Македонци. А со големо задоволство ви ја најавуваме и турнејата на Next Time во Германија! 🎶🔥 📅 Датуми и локации: 🔹 28.02.2025 – Osterfeldhalle, Stuttgart 🔹 01.03.2025 – Technikum, München 🔹 14.03.2025 – KUZ Werkhalle, Mainz 🔹 15.03.2025 – Centurium, Düsseldorf 🔹 21.03.2025 – Kultur Palast Live, Hamburg 🔹 23.03.2025 – Columbia Theater, Berlin 🎟 Набавете си карти навреме на legacyevent.de !
-
46
41. Подготовка за интервју за работа во Германија: Совети и очекувања
Денес зборуваме за интервју за работа – моментот што може да ви ја промени кариерата. Ќе откриеме на што обраќаат внимание Германците како работодавци, како да се подготвите, што да очекувате и како да оставите одличен впечаток. Без разлика дали сте почетник или имате искуство, вистинските совети можат да направат разлика. А со големо задоволство ви ја најавуваме и турнејата на Next Time во Германија! 🎶🔥 📅 Датуми и локации: 🔹 28.02.2025 – Osterfeldhalle, Stuttgart 🔹 01.03.2025 – Technikum, München 🔹 14.03.2025 – KUZ Werkhalle, Mainz 🔹 15.03.2025 – Centurium, Düsseldorf 🔹 21.03.2025 – Kultur Palast Live, Hamburg 🔹 23.03.2025 – Columbia Theater, Berlin 🎟 Набавете си карти навреме на legacyevent.de !
-
45
Роденденска реприза – се враќаме на почетокот! 🎉 1. Кои сме, што сме, зошто подкаст за Македонци во Германија
Денес славиме роденден! 🎉 Помина една година од кога ја објавивме нашата прва епизода, па решивме да се навратиме на самиот почеток. Ова е совршена прилика повторно да ја слушнеме нашата прва приказна, да се потсетиме од каде почнавме и како сè се развиваше. Ако си со нас од почетокот – фала ти за поддршката! Ако си нов/a слушател/ka – уживај во ова патување низ времето со нашата прва епизода. Се слушаме! 😊 --- Во воведната епизода ќе дознаете за што ќе збориме на подкастот, каков настан има викендов и кој ќе ни биде првиот гостин :) Инстаграм профил https://www.instagram.com/petocnovogermanija/ Facebook група https://www.facebook.com/groups/391363226770182 Информации за концертот на Next Time https://www.facebook.com/profile.php?id=61552280247805
-
44
40. Разговор со Андреј од DNK – Се гледаме на 15-ти во Хилден!
Оваа недела ни гостува Андреј од DNK, кој ни открива детали за претстојниот концерт на 15-ти февруари во Хилден заедно со Андријана Јаневска! Разговараме за патот на DNK во македонската музичка сцена, нивните хитови кои обединуваат генерации, инспирацијата зад песните и она што публиката може да го очекува на овој незаборавен настап. 🎶 Не пропуштајте ја оваа специјална вечер, организирана од Македонско Сонце Дизелдорф! 📅 15.02 – Stadthalle Hilden, Fritz-Gressard-Platz 1, 40721 Hilden 🎟 Обезбедете си карти сега! 📩 Контакт: [email protected] 📞 Телефон: 017672141049 / 017655686356 🎧 Слушнете ја епизодата и загрејте се за концертот!
-
43
39. Музика, традиција и инспирација со Андријана Јаневска
Во оваа епизода, повторно посебна и прекрасна гостинка :) Разговараме со Андријана Јаневска за нејзината музичка кариера, подготовките за настапи и значењето на македонската музика во Германија. Андријана споделува лични искуства од концертите, важноста на образованието во музиката и нејзините проекти за деца. Исто така, зборува за зачувувањето на македонските народни песни, хуманитарните настани во дијаспората и своите хобија. Не пропуштајте инспиративен разговор за животот, музиката и културата! На 15-ти февруари ве очекува незаборавна забава во Хилден со Андријана Јаневска и ДНК! Не пропуштајте ја оваа специјална вечер, организирана од Македонско Сонце Дизелдорф. Обезбедете си карти сега! Контакт: [email protected] Телефон: 017672141049 / 017655686356 Stadthalle Hilden, Fritz-Gressard-Platz 1, 40721 Hilden
-
42
38. „Next Time“ на турнеја во Германија-и на гости во "Петочно во Германија"
Во оваа епизода на нашиот подкаст со гордост го најавуваме специјалниот гостин – Стефан, еден од членовите на познатиот македонски бенд Next Time. Овој разговор ќе нè однесе зад сцената на нивната претстојна турнеја во Германија, каде што ќе зборуваме за тоа како нивната музика го освојува интернационалниот простор. Стефан ќе ни раскаже инспиративни приказни од нивната кариера, почнувајќи од првите чекори на македонската музичка сцена до моментот кога станаа амбасадори на македонската култура низ светот. Не пропуштајте ја оваа ексклузивна епизода, каде што ќе дознаете повеќе за плановите на Next Time, нивните очекувања од турнејата и што ги инспирира да продолжат да создаваат музика што остава траен впечаток. Турнејата започнува на 28 февруари и ќе вклучи настапи во неколку градови: 📅 Датуми и локации: 28 февруари: Osterfeldhalle, Stuttgart 1 март: Technikum, München 14 март: KUZ Werkhalle, Мainz 15 март: Centrum, Düsseldorf 21 март: Kultur Palast Live, Hamburg 23 март: Columbia Theater, Berlin Билети достапни на: www.legacyevent.de 🎧 Слушнете ја епизодата и дознајте повеќе!
-
41
37. Апликација за работно место - CV
Денес збориме за аплицирање на работно место во Германија и на што да се обрати внимание при пишување на CV. Освен тоа, ги најавуваме претстојните македонски настани во Германија :)
-
40
36. Мотивација за работа во Македонија и Германија
Во првата епизода за оваа година зборуваме за мотивација, посебно на работно место, и споредуваме актуелни статистики на оваа тема од Македонија и Германија. Ако сакате, споделете во коментари колку сте мотивирани за работа и како се мотивирате :)
-
39
35. Божиќ и Нова година: Традиции и прослави во Германија
Во последната епизода за оваа година правиме ретроспектива на годината што помина. Се потсетуваме на сите епизоди од изминатата година, ги спомнуваме нашите гости и им се заблагодаруваме за нивниот придонес. Понатаму, зборуваме за Божиќ во Германија, традициите, обичаите и како се прославува овој празник. Исто така, ги споделуваме плановите и очекувањата за Новата година. Уживајте во оваа празнична и рефлективна епизода!
-
38
34. Систематски прегледи за возрасни во Германија
Во оваа епизода зборуваме за систематските прегледи достапни во Германија и нивното значење за одржување на здравјето. Ќе дознаете кои прегледи се покриени од здравственото осигурување и колку често се препорачуваат.
-
37
33. Каролина во Германија: Концерти за паметење
Во оваа епизода разговараме со Каролина за нејзината успешна турнеја во Германија, енергичната публика, подготовките пред настап и одлично избраниот репертоар. Освен тоа таа споделува совети за здрав живот и разговараме на различни теми како популарноста во денешно време, важноста на квалитетот на музиката, а и предизвиците на преселбите и осаменоста. Исто така, споделуваме лични впечатоци од нејзиниот концерт во Mainz. Spoiler alert: беше незаборавно! Каролина има уште два концерти на 13.12 во Хамбург и 16.12 во Берлин, не пропуштај и купи си карти тука: www.legacyevent.de
-
36
32. Систематски прегледи за деца во Германија
Систематските прегледи за деца во Германија се задолжителни и внимателно организирани за да се обезбеди оптимален раст и развој на секое дете. Овие прегледи се дел од редовната превентивна грижа што ја обезбедува здравствениот систем. Во оваа епизода детално зборуваме за лекарските превентивни прегледи во Германија – од првите месеци од животот на детето па сè до адолесценција. Што значат прегледите од U1 до U9 и зошто се толку важни?
-
35
31. Божиќен бонус (Weihnachtsgeld) и како да се потроши
It's beginning to co$t a lot like Christmas-периодот со најголема потрошувачка во цела година официјално започна. За да се издржат сите дополнителни трошоци, во Германија често се исплаќа Божиќниот бонус. Дознајте кој има право на овој бонус, колку изнесува, и како најпаметно да го искористите за време на празниците. Линк до работилницата на Маја Achieve your goals in 2025-mu – Mayamj и до нејзината веб страна Mayamj Се гледаме на 30.11 во Хилден, купи си карта тука Концерт Наум Петрески и Зуица Лазова
-
34
30. Разводна постапка во Германија: Совети од македонска адвокатка во Германија
Во оваа епизода, ја имаме честа да разговараме со специјална гостинка – Наташа Мицкоски, адвокатка од Македонија, која е успешна во својата професија и тука во Германија. Главната тема на епизодата е процесот на развод, но исто така разговараме за нејзиниот личен пат, предизвиците со кои се соочувала и како успеала да најде работа по струка во Германија. Доколку сте заинтересирани за правни совети или едноставно сакате да слушнете инспиративна приказна за успех во странство, оваа е вистинската епизода 😊 Ако Ви треба правен совет или ако имате уште прашања поврзани со дипломата од правен факултет од Македонија и како да се искористи во Германија, Наташа ќе ја најдете тука https://www.facebook.com/natuska85 или тука во канцеларија https://www.walbach-zimmer.de/ Карти за Наум Петрески и Зуица Лазова (на 30 Ноември во Хилден) има тука https://www.facebook.com/profile.php?id=61552280247805 Правна основа за дејност како странски адвокат § 206 BRAO - Einzelnorm Линк од организацијата спомната во епизодата https://www.berami.de/
-
33
29. Нашите услуги: Од судски преводи до советување и помош во бирократија
Во оваа епизода разговараме за дополнителните услуги што ги нудиме покрај нашите главни професии – судски преводи (Марина) и советување (Панче). Одговараме на често поставувани прашања, вклучувајќи информации за испитот за судски преведувач во Германија, како да нарачате преводи, цените и начинот на плаќање. Панче ги објаснува неговите бројни советнички услуги, како што се на пример пополнување формулари, општо советување, подготовка на CV, мотивациски писма, и враќање на средства од пензиски фонд – сѐ што ви треба за полесно совладување на бирократските предизвици во Германија. Контактирајте нѐ тука: Панче: causiconsulting.de Марина: Facebook или на телефон, WhatsApp & Viber 0176 43242856 За испитот за државен преведувач, повеќе информации тука. И не пропуштајте го концертот на Наум Петрески и Зуица Лазова на 30.11! Повеќе детали тука.
-
32
28. Oktoberfest за почетници: Што треба да знаете за најголемиот народен фестивал во светот
Денес зборуваме за Октоберфест – светски познатиот фестивал што секоја есен го претвора Минхен во центар на забавата, пивото и традицијата. Ќе дознаете како започнала оваа прослава, што ја прави посебна, и како Македонците во Германија ја доживуваат. Ќе зборуваме за обичаите, традиционалните костими и вкусната храна што го одбележуваат Октоберфест. Октоберфест помина, ама вистинската забава допрва почнува! На 30.11 во Хилден ќе ја замениме германската традиција со македонски специјалитети, одлична забава со Наум Петрески и Зуица Лазова и незаборавна атмосфера. Да се собереме, да наздравиме и да покажеме како се прави вистинска македонска забава. Се гледаме таму! Резервации на e-mail: [email protected] , 0716 72141049/0176 55686356
-
31
27. Книга vs. Kindle - што се чита во Германија?
Книга vs. Kindle или Панче vs. Марина - во денешната епизода слушате што и колку се чита во Германија, какви читачки навики имаат Германците, за библиотеки, книжари и размена на книги на македонски јазик.
-
30
26. Што би му препорачале на некој, кој сака да се пресели во Германија?
Слушнете што препорачуваме ние и споделете, кои би биле вашите препораки, за некој кој сака да се сели во Германија? Се гледаме на 30.11 во Хилден, на Наум Петрески и Зуица Лазова :) Набавете си карти на време kaj МКЦ Македонско Сонце на [email protected] или телефонски на 017672141049 / 017655686356
-
29
25. Првооделенци во Германија
Збориме за првите денови во прво одделение, книги, ужинки, родителски и сите убави работи поврзани со почеток во училиште. Среќно на сите првачиња, мнигу другарчиња и многу единици :) Се гледаме на 30.11 во Хилден, на Наум Петрески и Зуица Лазова :) Набавете си карти на време kaj МКЦ Македонско Сонце на [email protected] или телефонски на 017672141049 / 017655686356
-
28
24. Купување online во Германија
Во последната епизода пред летната пауза збориме за онлајн шопинг во Германија, споделуваме како секогаш наши искуства и препораки, и секако - актуелни статистики. Ви посакуваме убав остаток од летото!
-
27
23. Германците како колеги
Тема инспирирана од нашето секојдневие со германски колеги: Какви се Германците како колеги и какво е нашето искуство со нив, слушнете тука. Дали работите со Германци и кое е вашето искуство? Споделете на нашите социјални канали!
-
26
22. Што јадеме во Германија?
Минатата недела испазарувавме, денес готвиме: што се јаде во Германија, каква е културата на исхрана, кои им се омилени јадења итн., слушни денес во #petocnovogermanija
-
25
21. Пазариме во Германија
Денес зборуваме за тоа како пазарат Германците, во кои супермаркети е најевтино и како можете да заштедите. Споделуваме наши препораки и искуства и по некој совет на што да пазите при пазарење :)
-
24
20. Дозвола за престој: Дете со македонски & родител со ЕУ пасош
Стара тема во нов формат. Збориме за познатата проблематика, со која се соочуваат многу фамилии во Германија, кога на дете со македонски пасош службите не му издаваат дозвола за престој, со образложение дека детето има право на европскиот пасош. Збориме за различните начини со кои може да се проба да се добие дозвола за престој, за различните искуства на луѓето и ја објаснуваме ситуацијата од аспект на германска институција. Многу сте добредојдени да споделите, ако сте добиле дозвола за престој за детето на начин, кој не е спомнат во епизодата
-
23
19. Промени во законот за државјанство
Денес збориме за долгоочекуваните промени во законот за државјанство, кои одредби се променија и што може да очекуваме во следните месеци и години. Ако имаш поднесено или планираш да поднесеш барање за германско државјанство, добредојден/a си да споделиш искуство со процедурата на нашите социјални канали
-
22
18. Во светот на формуларите
Von der Wiege bis zur Bahre, Formulare, Formulare Со тоа писателот сака да се каже дека од почеток до крај на живот има нешто да се пополнува во Германија. Денес збориме за формулари, барања, како да си помогнете и кои се вашите права во административни постапки. А ако ви треба помош, му пишувате на Панче тука : https://www.causiconsulting.de/
-
21
17. Дали сме задоволни од квалитетот на здравствените услуги во Германија?
Збориме за наши искуства со здравствениот систем тука и споделуваме совети за полесно добивање термини и општо за намалување на фрустрација низ тој процес. Кое е вашето искуство со здравствениот систем во Германија? Споделете во коментари или во дм на нашиот инстаграм профил https://www.instagram.com/petocnovogermanija/ Страна и апликација за барање лекари и закажување термини: https://www.doctolib.de/?utm_source=google&utm_medium=cpc&utm_campaign=adv_AW_DE_Search_B2C_Brand-Doctolib_Exact&gad_source=1&gclid=CjwKCAjw1K-zBhBIEiwAWeCOF6xCczt86DHZZsg_25lFvaodQrTwuml5MqKsjgivLEO4NV34borpohoCTKcQAvD_BwE
-
20
16. Хоби во Германија: Што да се прави во слободно време?
Во оваа епизода на нашиот подкаст, ќе се фокусираме на различните хобија и активности што можат да се прават во Германија за време на слободното време. Ќе зборуваме за учество во клубови, здруженија и волонтерски организации и за тоа како овие активности можат да помогнат во запознавање нови луѓе и создавање нови пријателства. Зборуваме и за концепти, пристапност и понуда на различни курсеви. Уживајте во епизодата и споделете - кое е вашето хоби во Германија?
-
19
15. Chancenkarte 2024: Шанса или илузија?
Од први јуни стапува на сила промена во законот за странци, кој овозможува виза за барање на работа во Германија базиран на основни услови и систем на поени (Chancenkarte). Зборуваме за условите, процесот на апликација и можностите кои ги отвора. Дискутираме за тоа дали е оправдана еуфоријата поврзана со неа, дали има потенцијал да успее и дали ќе ја исполни својата цел- да го намали недостатокот од квалификувани работници во Германија. Провери дали се квалифицираш за Chancenkarte тука: https://www.make-it-in-germany.com/de/visum-aufenthalt/self-check-chancenkarte
-
18
14. Свадбени обичаи во Германија
Денес слушате како се слави свадба во Германија, кои се најчестите обичаи, што се случува во матично и во црква-и каде повесело се слави :)
-
17
13. Избор на Европски парламент
Во денешната епизода слушате што и како се бира, кој се кандидира, како се одвиваат избори во Германија и други поврзани теми. Ако имате право на глас или ако едноставно ве интересираат претстојните избори во ЕУ слушнете тука, на вашиот омилен подкаст :) Барање за внес во избирачки список Wahl-O-Mat
We're indexing this podcast's transcripts for the first time — this can take a minute or two. We'll show results as soon as they're ready.
No matches for "" in this podcast's transcripts.
No topics indexed yet for this podcast.
Loading reviews...
ABOUT THIS SHOW
Единствениот подкаст за Македонци во Германија
HOSTED BY
Marina Urdinov und Pance Causevski
CATEGORIES
Loading similar podcasts...