КИРИЈАНА А. НИКОЛОСКА
from Културен Подкаст Hosted by Sara Anastasovska
Како актерка, отсекогаш имав многу прашања на тема КАСТИНГ. ,,Зошто кастинзите се најчесто затворени? А зошто пред кастинг добиваме само една сцена од сценариото? Што е пример за добар „showreel“?’’ И така натаму, и така натаму... Со оваа епизода сакав да дојдам до одговори за најчестите прашања на еден актер за време на или по студиите на тема КАСТИНГ. А кој би ги имал најдобрите одговори на оваа тема, ако не кастинг директорката Киријана Алушевска Николоска. Киријана Алушевска Николоска е кастинг директорка која досега има работено на огромен број филмски проекти, домашни и странски. Помеѓу нив се филмовите „Сестри“ во режија Дина Дума, Северен Пол“ во режија на Марија Апчевска, „Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона С. Митевска, „Ослободувањето на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија, „Џган“ во режија на Вардан Тозија, детската серија „Зоки Поки“ итн. Исто така, Киријана А. Николоска е и еден од основачите на меѓународниот филмски фестивал за документарен филм – МакеДокс. Покрај нејзината кариера како кастинг директор, на многу филмски проекти била и во улога на асистент на режија и координатор на статисти. Нејзината кариера општо како филмски работник започнува со снимањето на детската серија „Наше Маало“. Слушнете го нашиот разговор и уживајте!
Embed this episode
No transcript yet.