PODCAST · arts
Културен Подкаст
by Sara Anastasovska
Аудио подкаст кој има за цел да сподели приказни од и за уметноста, приказни кои на слушателите ќе им овозможат да откријат многу нови лица од областа на уметноста и културата, да ги слушнат нивните животни искуства и ставови.
Episodes
-
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,АЛО! АЛО!’’
Магијата на театарот почнува да дејствува кога публиката ќе се поистовети со ликовите на сцената, кога ќе стекне доверба во ликот на актерот и кога мислите ќе почнат да го следат дејството на замислениот текст од драматургот и играта на актерите. Тогаш се доживува вистинско театарско искуство,...
-
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ФИРМА’’
,,Претставата ги акцентира ефектите на капитализмот и како таква на гледачот му овозможува да погледне внатре во себеси и да направи ретроспекција на сопствениот живот. Поистоветување со некој од ликовите во претставата е пожелно, бидејќи на тој начин побрзо ќе ги сфати сопствените заблуди и ќе…
more -
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ЛЕНА И ВЛАДИМИР’’
,,Со сценарио зад кое стои вештата рака на Александар Русјаков, овој филм во македонско – српска продукција претставува своевидна модерна балканска бајка која намерно или ненамерно кокетира со архетипски концепти, носејќи на филмското платно нешто оригинално и досега невидено, барем кога…
more -
СТЕФАН ПАЛИТОВ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ
Во оваа епизода зборуваме за иднината на филмот заедно со Стефан Палитов. Зборуваме за новите технологии на вештачката интелигенција кои се појавија во почетокот на 2023тата година и за тоа како истите влијаат и ќе влијаат врз филмската индустрија. Дали можеме да предвидиме до каде ќе оди оваа...
-
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ТЕ ДУА ЖИМИ МЕНЕ’’
Слушнете ја целата рецензија и откријте повеќе!
-
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО’’
,,Режисерот како да се бори со сопствената визија да разработи ваква сензитивна тема (трговија со жени) и со неговата тенденција филмот да изгледа како холивудски трилер. Тука лежи неговото најголемо потфрлување. Македонија не е САД. Класичните потези како цивили кои ја земаат правдата во свои...
-
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ИВАНОВ’’
,,Судбината на Иванов ќе ве замисли, но претставата нема да ви даде одговори, туку ќе ве упати да ги барате во длабочината на сопствената душа и да реобмислувате некои од сопствените чувства, доживувања и постапки што сте ги направиле во животот.’’ - Тони Димков за претставата ,,Иванов’’ која се...
-
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ’’
,,Во таа смисла претставата „Кафез кај Кокони“ во Драмски театар дава придонес во прифаќањето на луѓето со поинакви родови идентитети. Пораките во претставата се пренесени со истенчен вкус, со комични ситуации кои расположуваат и забавуваат, со одлична игра и трансформација на актерите и со...
-
ВАРДАН ТОЗИЈА - ЗА ФИЛМОТ ,,М’’
Во оваа епизода разговараме со режисерот Вардан Тозија за неговиот нов долгометражен филм “М“. За инспирацијата, за пробите, за снимањето и за предизвиците при снимањето на првиот пост-апокалиптичен македонски филм. Слушнете го целиот разговор и откријте повеќе! КРАТКО ИНФО: ,,М’’ е фантастична...
-
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ПРЕЕКСПОНИРАНО’’
,, „Преекспонирано“ е, пред сѐ, многу добро осмислен филм што вешто ја користи метафората на фотографскиот ефект на Сабатје за да обработи универзална тема. Точно е дека ова не е првпат да бидат прикажани брачни и пубертетски кризи на филмското платно, но уметничкиот израз на Венинова го прави…
more -
СЛАЃАНА ВУЈОШЕВИЌ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ
Во оваа епизода зборуваме за иднината на филмот заедно со актерката Слаѓана Вујошевиќ. Зборуваме за новите технологии на вештачката интелигенција кои се појавија во почетокот на 2023тата година и за тоа како истите влијаат и ќе влијаат врз филмската индустрија. Дали можеме да предвидиме до каде…
more -
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ВИЛИЦАТА НА ИБЕН БАЈЕРС’’
„Вилицата на Ибен Бајерс“ претставува одличен старт за младиот Борис Василески, кој покажува голема зрелост како режисер и успева да начне многу важни општествени теми и животни прашања на начин кој е лесно приемлив и разбирлив за публиката. - Марија Лукаревска. Слушнете ја целата рецензија и...
-
ДАРИЈАН ПЕЈОВСКИ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ
Во оваа епизода зборуваме за иднината на филмот заедно со режисерот Даријан Пејовски. Зборуваме за новите технологии на вештачката интелигенција кои се појавија во почетокот на 2023тата година и за тоа како истите влијаат и ќе влијаат врз филмската индустрија. Дали можеме да предвидиме до каде ќе...
-
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,НЕШТО СЛАТКО’’
,,Затворете очи, вдишете длабоко и замислете си го омилениот десерт. Визуелно привлечен, со добар баланс помеѓу различни текстури, мириси и вкусови, направен со многу љубов, и секако, со крајна цел: да ги активира центрите за серотонин и допамин во вашиот мозок. Сладолед, чоколадна торта, рафаело...
-
ГОЦЕ КРАЛЕВСКИ - ЗА ИДНИНАТА НА ФИЛМОТ
Во оваа епизода зборуваме за иднината на филмот заедно со продуцентот Гоце Кралевски. Зборуваме за новите технологии на вештачката интелигенција кои се појавија во почетокот на 2023тата година и за тоа како истите влијаат и ќе влијаат врз филмската индустрија. Дали можеме да предвидиме до каде ќе...
-
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ЖЕНИ ВО СОБРАНИЕ’’
,,Преку гротескниот приказ на универзалната борба на жената за правата што природно ѝ следуваат а насилно ѝ се одземени, оваа претстава е пример за прогресивен и ангажиран театар, кој експериментира, си игра и се бунтува против нормите – вистинско освежување за домашната театарска сцена.’’…
more -
ФИЛМСКА РЕЦЕНЗИЈА: ,,ТЕЛО’’
Објективно со Културен Подкаст и Гледај.Мк! Зборуваме објективно со Севдалина Дамевска од Гледај.Мк за новиот долгометражен документарен филм ,,Тело’’ во режија на Петра Селишкар. Слушнете го нашиот разговор, откријте повеќе за филмот и уживајте! Кратко инфо за филмот: ,,Тело’’ ја доживеа својата...
-
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА ЗА ПРЕТСТАВАТА „ЈАЗЛИ“
„Претставата „Јазли“ е вистинско освежување за театарската сцена, и во тематска и во етичка и во визуелно-сценска смисла. Изведбата на актерите е на врвно ниво, а гледањето на претставата се дожувува како фасцинантно естетско искуство. Длабочината на текстот „Јазли“ беше препознаена и на...
-
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА ЗА ПРЕТСТАВАТА: „ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА“
„Она што „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја прави возбудлив материјал за работа е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија…
more -
ТЕАТАРСКА РЕЦЕНЗИЈА ЗА ПРЕТСТАВАТА „НАРОДЕН НЕПРИЈАТЕЛ“
„Претставата вреди да се погледне, пред сѐ, заради надежта што ја дава дека има прогресивни поединци што сакаат да го повлечат општеството напред, иако заедницата им лепи етикети на „народни непријатели“. А, секогаш вреди да се има надеж за прогрес.“ - Тони Димков за претставата „Народен...
-
ТОНИ ДИМКОВ
Тони Димков е еден од ретките новинари, кој во текот на неговата триесетгодишна кариера константно и посветено зборува за светот на културата. Преку неговите интервјуа, рецензии и критики објавени во различни медиуми, уметниците и културните дејци добиваат постојано признание и промоција на…
more -
ФИЛМСКИ ОСВРТ: „СИНИОТ ЧАС“
Краткометражниот филм „Синиот Час“ по сценарио и во режија на Ана Јакимска ја имаше својата премиера во Скопје на овогодинешниот филмски фестивал „Синедејс“ насловен „Од повисоко подобро се гледа“. Позади себе Ана Јакимска како режисерка има три краткометражни филмови меѓу кои е и филмот „Синиот...
-
НЕЗАВИСНО ТЕАТАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ „ШТРИХ“
Екипата на новото независно театарско здружение „Штрих“ ни покажа дека -Шансата не се чека, туку таа се создава!. Кога повеќето драмски текстови според денешната публика се сметаат за монотони,застарени и досадни, тие решија од нив да создадат нова актуелна форма. Кога повеќето актери и режисери...
-
АНГЕЛА СТОЈАНОВСКА
Голем број на актерски остварувања на независната сцена, авторски перформанси, основање на првата платформа за аудио книги на македонски јазик, стенд-ап настапи, настапи со Импров Група Настап... Ангела Стојановска секојдневно отркива и развива нови страни од актерската професија. Во овој подкаст...
-
ИВИЦА ДИМИТРИЈЕВИЌ
Актерство, режија, продукција, снимање независни филмови, создавање музика... Ивица Димитријевиќ е уметник кој постојано твори надвор од комфорт зоната преку откривање на различни светови од областа на уметноста. Се истакнува на театарската, филмската и музичката сцена преку автентични дела кои...
-
ФИЛМСКИ ОСВРТ: „НЕМА ДА СИ САМА“
Дебитантскиот долгометражен филм „Нема да си сама“ по сценарио и во режија на Горан Столевски со својата премиера на престижниот филмски фестивал „Санденс“, е еден од филмовите кој доживеа огромен успех во 2022 година. Европската премиера на филмот се одржа на овогодинешниот филмски фестивал...
-
АНА СТОЈАНОСКА
„Театарската критика треба да биде пријател на театарската претстава, ама од оние строги пријатели, оние отворени и искрени пријатели кои ги имаме.“ - Ана Стојаноска Во овој подкаст ќе зборуваме со Проф. Д-р Ана Стојаноска, која е театролог, писателка и професорка на Факултетот за драмски…
more -
НИКОЛА КУЗЕЛОВ
Снимањето на независен филм е една од најдобрите алатки со која младите филмски работници можат да започнат да го градат своето портфолио. Никола Кузелов е еден од ретките актери и сценаристи, кој во последните неколку години се занимава со снимање на независни филмови без буџет. Меѓу нив се...
-
СЛАЃАНА ВУЈОШЕВИЌ
Слаѓана Вујошевиќ е актерка со успешна интернационална кариера. На некои им е позната по нејзините улоги изиграни на сцената на Турскиот театар во Скопје, на други по актерските остварувања во турските телевизиски серии, на некои по улогите на филмското платно, а на децата им е најдобро позната…
more -
„УМЕТНОСТА НА ДОСАДАТА“- Дијана Томиќ-Радевска и Бојан Георгиевски
Слушнете ја осумнаесеттата епизода на „Културниот Подкаст на Сара и Мартин“. Во оваа епизода разговараме со Дијана Томиќ-Радевска и Бојан Георгиевски - куратори на две битни изложби што беа поставени минатата година во резиденцијата на Европската унија во Скопје, со наслов Уметноста на досадата и...
-
Небојша Вилиќ
За оваа епизода на Културниот Подкаст на Сара и Мартин имав чест да зборувам со професор Небојша Вилиќ од факултетите за драмски и ликовни уметности. Професорот Вилиќ е историчар на уметноста и автор и уредник на 16 книги, до сега, како и голем број списанија, колумни, критики, и есеи. Тој е еден...
-
РОБЕРТ ДАНДАРОВ
Роберт Дандаров на млади години се преселува во САД во потрага по образование и искуство во уметноста. Тој таму останува да живее и твори до денешен ден, но, како што самиот вели, добар дел од инспирацијата ја пронаоѓа во Македонија и македонското животно искуство. Во сликите и графиките на...
-
ПОЕЗИЈА, ТЕАТАР И КРИТИКА
„Еднаш ме прашаа што ми е поголем предизвик: театарот или поезијата. Секако, немам сомнежи дека театарот ми е секогаш број еден. Но, прашањето ме поттикна да размислам што е она што ги поврзува во мене овие два света. Кога помислувам на творечките процеси - создавање на една улога и пишување,...
-
ЃОКО ЗДРАВЕСКИ
... во аголот пајак - бродоломник крои планови за нов дом нашиот е куќичка за птици - преселници ние сме бротче од хартија среде потоп кое копнее по копно Стиховиве се дел од збирката „Куќичка за птици преселници“, една од неколкуте каде што може да се вкуси креативниот нектар на Здравески, чие...
-
ТЕА БЕГОВСКА
Во оваа епизода разговараме со режисерката Теа Беговска за првото издание на онлајн интернационалниот фестивал „Sturm und Drang“, за театарот, за институционалната и за независната сцена, за односот режисер актер, за довербата која е неопходна во еден креативен процес и за уште многу други...
-
„Шапка, Чоколадо, Анус и уште нешто“ - Театар Златен Елец
„И дојде ден кога човекот сфати дека животот одамна не е како на филм. Тој ден човек беше принуден да се соочи со реалноста, да ја прегрне лагата за неговиот живот и да продолжи напред.“ Овој подкаст нé враќа назад во времето, на 23.07.2021 и 24.07.2021 во МКЦ каде можевме да ја погледнеме...
-
ФИЛИП АВРАМЧЕВ - СКОПЈЕ ЛАЈТ АРТ ДИСТРИКТ
Бруталистичкиот објект на Поштата во центарот на Скопје беше претворен во „платно“ за еден од визуелните уметници кои ја проектираа нивната уметност за време на Скопје Лајт Арт Дистрикт. Овој уникатен настан привлекува се поголемо внимание кај жителите на Скопје и му помага на градот да се…
more -
МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ - КРЕАРТ 2
„Музеите се места каде што луѓето можат да дојдат по својата културна гратификација и световидна наобразба" се изјасни Мартин Анастасовски по неговите неколку посети на Музеј на Град Скопје додека оваа културна институција беше во фаза на реновирање. Оваа емисија во главно прави осврт на…
more -
ОГНЕН АНТОВ
Соништата постојат со цел да бидат реализирани. Пример за оваа мисла е македонската продукциска куќа ,,Дрим Фактори’’, која од 2007та година па се досега реализира огромен број на филмски проекти, од сон во реалност. Во оваа епизода зборуваме со продуцентот Огнен Антов, кој е основач на…
more -
ТАЛЕНТИ САРАЕВО 2021
Талент кампусот на Сараевскиот филмски фестивал е платформа за идните филмски професионалци од Југоисточна Европа и Јужен Кавказ, во која секоја година се одбираат 55-65 кандидати за интензивна петдневна програма, која се состои од повеќе различни работилници за режисери, актери, сценаристи,...
-
КИРИЈАНА А. НИКОЛОСКА
Како актерка, отсекогаш имав многу прашања на тема КАСТИНГ. ,,Зошто кастинзите се најчесто затворени? А зошто пред кастинг добиваме само една сцена од сценариото? Што е пример за добар „showreel“?’’ И така натаму, и така натаму... Со оваа епизода сакав да дојдам до одговори за најчестите прашања…
more -
ТВОРЕШТВОТО НА ДИМЧЕ КОЦО
Димче Коцо (1910 - 1993) - член на МАНУ, археолог, историчар на уметност и уметник, е еден од највпечатливите македонски уметници од старата генерација, чие име е практично многу малку познато кај општата популација. Оваа епизода е посветена на неговото творештво и е изработена по повод јубилејот...
-
НОВ ГЛАС НА НЕЗАВИСНАТА ТЕАТАРСКА СЦЕНА
На 26ти септември 2021 година на сцената на дансинг салата во Младинскиот Културен Центар, премиерно за прв пат во Македонија, беше изведена претставата „Вистинскиот запад“ во режија на Борис Василевски, во изведба на актерите Маријан Наумов, Томислав Давидовски, Мартин Манев и Тања Кочовска и во...
-
УМЕТНОСТА НА УЛИЦА НЕМА ПРАВИЛА
ТЕАТРОСК“ е македонска продукција што создава улична уметност, вклучувајки живи статуи и пантомима. Организираат голем број на настани, промоции, перформанси и фестивали кај нас и надвор. Повеќе од десет години патуваат низ светот и настапуваат на интернационални фестивали за живи статуи и…
more -
БАТУХАН ИБРАХИМ
Во оваа епизода зборуваме со младиот филмски режисер, Батухан Ибрахим. Батухан Ибрахим во 2020тата година дипломира на Факултетот за Драмски уметности во Скопје. Досега има работено на многу филмски проекти, како режисер, скриптер и како асистент на режија. Неговиот краток филм „Twisted“ беше...
-
ФИЛМ ВО ТЕАТАР
Во оваа епизода разговараме со театарскиот режисер Синиша Ефтимов и актерите Фаик Мефаилоски и Исидор Јованоски. Оваа епизода е снимена само неколку дена по премиерата на претставата „Четири соби“ во Велешкиот театар „Јордан Х.К Џинот“. Претставата „Четири соби“ е адаптација на истоименото…
more -
ТЕАТАР ПИ - НЕЗАВИСЕН ТЕАТАР ЗА ЛИЦА СО ТИПИЧЕН И АТИПИЧЕН РАЗВОЈ
ТЕАТАР ПИ – Првиот и единствениот независен театар во Северна Македонија кој работи со лица со типичен и атипичен развој. Основачи на театарот се актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска. Во оваа епизода за Театар Пи, за актерството и за уметноста зборуваме со актерот Златко Митрески, кој…
more
We're indexing this podcast's transcripts for the first time — this can take a minute or two. We'll show results as soon as they're ready.
No matches for "" in this podcast's transcripts.
No topics indexed yet for this podcast.
Loading reviews...
ABOUT THIS SHOW
Аудио подкаст кој има за цел да сподели приказни од и за уметноста, приказни кои на слушателите ќе им овозможат да откријат многу нови лица од областа на уметноста и културата, да ги слушнат нивните животни искуства и ставови.
HOSTED BY
Sara Anastasovska
CATEGORIES
Loading similar podcasts...